Себастијан Курц остана без пратенички имунитет

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц во четвртокот го загуби пратеничкиот имунитет откако пратениците едногласно донесоа таква одлука за да овозможат продолжување на истрагата за наводна корупција.

Фото: ЕПА

За укинување на имунитетот на шефот на пратеничкиот клуб Австриска народна партија (ОВП) гласаше и неговата партија, која смета дека е неопходно што поскоро да се разјаснат обвинувањата.

Откако поднесе оставка како канцелар, Курц беше заштитен со пратенички имунитет откако премина во парламентот.

Тој е под истрага за проневера на пари, а обвинет е и дека дал лажен исказ пред парламентарната истражна комисија, поврзано со аферата Ибица.

Курц ги негира сите обвиненија против него.

Серијата претреси на 6 октомври во канцеларијата на канцеларот, седиштето на ОВП и во Министерството за финансии доведоа до неколку откритија поради што Курц набргу поднесе оставка. Но, тој остана пратеник и продолжува да ја води партијата и пратеничкиот клуб.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе