Се враќа Тони Блер: поранешниот британски премиер тргнува во кампања против брегизтот (ВИДЕО)

Поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер почна денес кампања во обид да ја смени одлуката за излегување од Европската Унија.

Блер ги повикува гласачите да се спротивстават на владината одлука да ја напушти ЕУ по секоја цена, тврдејќи дека таквиот потег би можел да биде штетен за идните генерации. Тој кажа дека минатогодишниот референдум за напуштање на ЕУ е базиран врз целосна неинформираност, односно дека граѓаните на Британија не ги сфатиле вистинските последици од брегзитот.

„Со откривањето на фактите, нивно право е да ја сменат одлуката, а нашата мисија е да ги убедиме така да постапат“, вели Блер.

Тој истакна дека напуштањето на ЕУ не било неизбежно и дека луѓето што се залагале за излегување го искористиле расположението на револт кое тогаш владеело поради промени во глобалната економија.

Блер планира да основа институт и да формира партиска алијанса за да се бори против брегзитот.

Блер кажа и дека владата на премиерката Тереза Мејстанала опседната со брегзитот до таа мера што сите други проблеми се игнорираат. Проблемите на модерната економија, националната здравствена служба, ефектите на глобализацијата и контролата на емиграцијата целосно се занемарени.

„Ова не е време за повлекување, рамнодушност и очајување, туку време е да го браниме она во што веруваме“, истакна поранешниот британски премиер.

Засега не е јасно колкава поддршка ќе добие Блер, бидејќи изгуби голем дел од популарноста со поддршката на американската интервенција во Ирак која беше заснована врз лажни разузнавачки тврдења за оружје за масовно уништување.

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе