Се урна српски воен авион, загинаа двајцата пилоти (ВИДЕО)

Српскиот воен авион МиГ-21 се урна крај границата со БиХ, јавија српските медиуми, а потврдено е дека двата пилоти загинале.

EPA-EFE

Авионот се урнал во селото Брасине кај Лозница. Очевидци наведуваат дека авионот во низок лет прелетал преку местото Гучево кон Зворник и направил круг. Потоа, според сведоците, се слушнала „срашна бучава“.

Веста за урнатиот авион ја потврди српското Окружно јавно обвинителство, кое потврди и дека двајцата пилоти загинале.

Авионот се урнал во дворот на еден локален жител кој притоа бил повреден. На снимките од лице место се гледа дека „мигот“ е целосно уништен.

Министерството за одбрана на Србија потврди дека се урнал МиГ-21. Наведоа дека авионот паднал при „извршување редовна летачка задача“ околу 9 наутро..

На лице место набрзо пристигнале пожарникарски екипи и полицијата која го обезбедувала местото на падот. Местото на несреќата го облетуваат и хеликоптери.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе