Поради урагански ветар

Се урна дел од ѕидините на Кремљ, затворени се приодите кон Црвениот плоштад (ФОТО+ВИДЕО)

Силен ветар во Москва ги оштети ѕидините на Кремљ. Градските власти ги предупредија жителите да останат во затворено, и, ако е тоа возможно, да бидат многу внимателни на улиците и да не ги паркираат автомобилите под дрвја.

EPA-EFE

По силниот налет на ветрот не издржа ни скелето поставено на ѕидините на Кремљ. Ветерот го собори скелето на Црвениот плоштад, и оштети дел од ѕидините.

„Во тек е реставрација на дел од ѕидот од Спаска кула до Сенатската кула, а работите се сопрени поради ветрот“, кажа шефот на одговорниот оддел на Федералната служба за безбедност Денис Симонов.

Скелето и ѕидот се делумно урнати, додаде тој истакнувајќи дека никој не е повреден.

Приодите кон Црвениот плоштад сега се затворени од сите страни, јави агенцијата ТАСС.

Плоштадот е затворен поради уривањето.

Ова не е првпат ветар да нанесе штета на московски Кремљ. Во јуни 1998 беа урнати околу 200 стебла и оштетени неколку ѕидни огради, а во април 2018 делумно беше однесен дел од палатата на Сенатот.

Во невремето е скршен еден од 1.045 „заби“ на ѕидините.

На снимката објавена на социјалните мрежи се гледа како паѓа скелето од долгиот ѕид на Кремљ меѓу Спаската кула и Лениновиот мавзолеј.

Работите на обнова на ѕидините на Кремљ, кои имаат 20 кули и го изградиле италијански архитекти на крајот на 15 век, траат веќе неколку години.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе