петок, 29 март 2024

МОН го објави конкурсот за упис во средните училишта за следната учебна година

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Во Конкурсот се наведени слободни места во училиштата во Град Скопје и општините низ државава за гимназиско, стручно и уметничко образование, за Математичко-информатичката гимназија, Спортската академија и за училиштата за настава на ученици со посебни образовни потреби.

Пријавувањето на учениците ќе биде електронско преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки.

Во јунскиот уписен рок има две електронски пријавувања – првото ќе биде од 20 јуни до 25 јуни, кога ќе се доставува и потребната документација до училиштата. Конечната ранг-листа од првото пријавување ќе биде на 26 јуни.

Второто електронско пријавување ќе биде на 1 и 2 јули 2024 кога воедно ќе се доставуваат и документите до училиштата, а конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места секое училиште ќе ја објави на 3 јули 2024.

Во августовскиот уписен рок пријавувањето ќе се врши на 21 август 2024.

Во  Конкурсот се содржани условите и критериумите за запишување, насоки за спроведување на конкурсот, роковите за запишување со детали за полагање на квалификациските тестирања и за објавување на резултатите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ