Се урна американски „невидлив“ авион. Американците сакаат брзо да го најдат, пред Кинезите

Во понеделникот во Јужното Кинеско Море се урнал американски Ф-35Ц, еден од најмодерните „невидливи“ борбени авиони во светот. Американската морнарица сега се обидува да го извлече од длабочините на морето. Станува збор за комплексна операција, за која аналитичарите тврдат дека ќе биде под специјално внимание на Кина, пишува Си-ен-ен.

EPA-EFE

Ф-35Ц, последниот борбен авион кој влезе во составот на американската воена морнарица, принудно слетал на носачот на авиони УСС Карл Винстон за време на рутинска операција спроведена во понеделникот, објави американската морнарица. При принудното слетување авионот вреден 100 милиони долари се излизгал и паднал во морето, а пилотот се спасил со исфрлање на седиштето, соопштија морнаричките власти. Во инцидентот се повредени пилотот и шест члена на екипажот на американскиот носач на авиони.

Штетата направена на носачот е минимална и бродот и сите останати авиони продолжиле нормално да функционираат. Американската воена морнарица сега се соочува со голем предизвик – извлекување на авионот од дното на океанот во водите кои се веќе некое време во фокусот на вниманието на Пекинг.

Американците засега не објавија планови за извлекување на авионот. „Американската воена морнарица работи на плановите за извлекување на авионот Ф-35Ц, кој учествуваше во несреќата на палубата на УСС Карл Винстон“, кажа за Си-ен-ен поручникот Николас Лонго, портпаролот на американската 7 флота.

Иако морнарицата не објави каде точно во Јужното Кинеско Море се случила несреќата, Пекинг тврди дека целото море (околу 3,3 милиони квадратни километри) е кинеска територија, а своите тврдења ги поткрепуваат со изградба на низа воени бази на островите во тоа море. Покрај тоа, кинеската воена морнарица и крајбрежната стража постојано патролираат во морето.

Соединетите Американски Држави ги оспоруваат тврдењата на Кина за територијалноста на морето и изведуваат маневри и операции како таа во која учествува носачот на авиони Карл Винстон за да ја промовираат сопствената теорија за „слободна и отворена област“.

Кинеската влада официјално не ја коментираше несреќата, а државните медиуми за неа известуваат повикувајќи се на странски медиуми. Но аналитичарите за Си-ен-ен тврдат дека Кинезите сакаат да ги ѕирнат потонатиот Ф-35Ц.

„Кина ќе се обиде да го лоцира и прегледа авионот користејќи подморници и нуркачи специјализирани за големи длабочини“, кажа Карл Шустер, поранешен шеф на операциите во разузнавачкиот центар на американската пацифичка команда.

Шустер, воедно и поранешен капетан на американската воена морнарица, вели дека е можно Кина да тврди дека има право да го извлече авионот од дното на океанот, повикувајќи се притоа на тврдењето дека морето е нејзина територија.

„Извлекувањето на авионот со употреба на комерцијални средства или средства на крајбрежната стража би му овозможило на Пекинг едноставно да каже дека отстранува потенцијална опасност за средината или дека отстранува странска воена опрема од своите територијални води“, кажа Шустер. Но, други аналитичари сметаат дека таквата операција е преголем политички ризик за Кина.

„Со отворено влегување во таква операција Кина би ризикувала јакнење на тензиите со САД. Не верувам дека Пекинг има храброст за тоа“, смета Колин Кох од сингапурската Школа за меѓународни односи. „Но можеме да очекуваме дека Кинезите внимателно ќе го следат секој обид на Американците да го извлечат авионот“.

Имајќи го предвид фактот дека операцијата за извлекување на авионот би можела да потрае со месеци, може да се очекува дека американската воена морнарица во близина на местото на несреќата ќе задржи неколку бродови. Колку тоа ќе трае не се знае, бидејќи не се знае длабочината на океанот на местото на несреќата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе