Се чека „Денот Д“: Никнува огромна болница во њујоршки Централ парк (ВИДЕО)

Работите на поставување на големата полска болница во Централ парк во Њујорк, каде во моментов има околу 50.000 болнички кревети, почнаа денес.

Се очекува уште утре да биде спремна да прими нови пациенти заболени од коронавирусот, кои во Њујорк ги има 33.776.

На источната страна свртена кон болницата Маунт Синај ќе има 14 шатори со 68 кревети, а ќе има и интензивна нега со респиратори. За пациентите ќе се грижи тим лекари и медицински сестри кои им помагале на заразените од ебола во Западна Африка, но и на бегалците од Сирија во Ирак, погодените од земјотресот во Еквадор, пренесува Њујорк пост.

Координаторот на здравствените работници Елиот Тенпени кажа дека очекува болницата да почне со работа за 48 часа. Соединетите Американски Држави, со 320 милиони жители, денес имаат 142.106 заразени, а досега умреа 2.479 луѓе. Најмногу позитивни на коронацвирусот во САД има во државата Њујорк, и таа бројка денес надмина 50.000.

Денес во градот треба да доплови и воен брод-болница, кој има 1.000 кревети и неколку операциони сали.

Освен тоа што градските власти проценија дека наскоро ќе им бидат потребни уште 140.000 кревети, на градот му недостигаат и заштитна опрема, и респиратори и медицински персонал. Дел од проблемот е решен со тоа што на сестрите им се понудени 100 долари на час и тие во најбројниот град во САД, со 8,7 милиони жители, доаѓаат од сите делови на државата, а компанијата Делта ерланјс ги певезува бесплатно.

Градоначалникот Бил де Бласио најави дека 5 април ќе биде „Денот Д“ за Њујорк.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе