Саудиска Арабија тврди дека престолонаследникот не се сретнал со Нетанјаху

Саудиска Арабија ги демантираше извештаите за средба на престолонаследникот Мухамед бин Салман и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху при неговата „наводна" тајна посета на монархијата во друштво на американскиот државен секретар Мајк Помпео, јави Би-би-си.

„Видов информации во медиумите за наводна средба на престолонаследникот и израелски официјални лица при неодамнешната посета на Мајк Помпео. Таков состанок не се случи“, напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фејсал бин Фархан.

„Беа присутни само американски и саудиски официјални лица", истакна тој.

Веста за прва посета на некој израелски премиер на Саудиска Арабија на тајна средба со престолонаследникот минатиот викенд ја објавија израелските државни медиуми, а за агенцијата Франс прес потврди извор од израелската влада.

Јоси Коен, директор на Мосад, израелска надворешна разузнавачка служба, исто така беше во таа посета на НЕОМ, футуристички град во северозападна Саудиска Арабија близу Израел, велат истите извори.

Еврејската држава во последните години им се доближи на некои арапски земји во Персискиот Залив, особено на оние што се непријателски расположени кон Иран. Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, блиски сојузници на Саудиска Арабија, ги нормализираа врските со Израел во септември.

Ријад, кој одржува многу одмерени врски со еврејската држава, особено преку својот голем заеднички партнер САД, останува на традиционалната арапска позиција дека решавањето на израелско-палестинскиот конфликт е услов без кој е невозможно воспоставување официјални врски со Израелците.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе