Воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина оценет е како нездрав, исто како и воздухот во главниот град на Србија.
Според податоците на сајтот Ај-јку ер, индексот на загаденост на воздухот во Сараево е 176, а во Белград 170.
Најзагаден град утринава беше Лахор во Пакистан, со индекс на загаденост 226, а го следеше Делхи во Индија, со индекс 201.