Вљора Читаку

Самоопределување бара да се разреши амбасадорката ако е лажна веста дека Јамајка го признала Косово

Пратеничката на движењето Самоопределување во косовското собрание, Фиторе Пацоли, рече дека треба да се отпушти косовската амбасадорка во Америка, Вљора Читаку ако се потврди дека признавањето на Косово од страна на Јамајка е лажна вест.

„Не ни требаат амбасадори што шират лажни информации. Ако веста за признанието од Јамајка не е вистина, амбасадорката Читаку треба веднаш да биде отпуштена и да се бара одговорност од неа“, напиша Пацоли на Фејсбук.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, на Твитер објави дека бил известен од амбасадорката Вљора Читаку дека Јамајка ја признала независноста на Косово.

Сепак, министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ги демантираше наводите на Тачи, истакнувајќи дека Јамајка не ја признала независноста на Косово, пренесува РТС.

Поранешниот косовски министер за надворешни работи Беџет Пацоли на Твитер ѝ се заблагодари на Јамајка, и покрај тоа што не ја признала независноста на Косово.

„Ѝ благодарам на Јамајка во секој случај. Ѝ благодарам на министерката Камина Џонсон Смит, им благодарам на САД. Косово и граѓаните на Косово засекогаш ќе останат пријатели на владата и народот на Јамајка“, напиша Пацоли на Твитер.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе