САД укинуваат ограничувања за Куба: „Мал чекор во добра насока“

Американското министерство за сообраќај укина санкции на воздушниот сообраќај со Куба, што е мерка која во мај ја најави владата на американскиот претседател Џо Бајден како знак за попуштање на тензиите со островот.

EPA-EFE

Одлуката ќе им овозможи на американските компании да одржуваат врски со други аеродроми, а не само со тој во Хавана. Предвидено е и повторно одобрување на групни патувања на Куба.

Американската влада на 16 мај најави скоро укинување на пакет санкции воведени на Хавана, а висок американски функционер таквиот чекор го опиша како „практични одлуки кои треба да одговорат на хуманитарната ситуација“ на Куба и да ги „развијат економските можности“ на Кубанците.

Освен воздушните врски, американската влада планира да ја обнови програмата сопрена пред неколку години која ја олеснуваше постапката на доселување членови на исто семејство. Воедно е најавено дека ќе се зголемат капацитетите за решавање на барањата на Кубанците за визи.

САД планираат да ја укинат и горната граница од 1.000 долари за три месеци по испраќач која досега го ограничуваше испраќањето пари на Куба и ќе одобри испраќање пари надвор од семејниот круг.

Таа граница ја воведе поранешниот американски претседател Доналд Трамп кој во својот мандат воведе низа мерки против Куба.

Мерките најавени на 16 мај кубанската влада ги дочека со одобрување оценувајќи ги како „мал чекор во добра насока, но со ограничен опсег“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе