„Ги доработуваме сите воени планови“

САД ставија 8.500 војници во состојба на полна готовност

САД ги доработуваат своите воени планови за сите сценарија на украинската криза, објави Белата куќа, додека НАТО најави зајакнување на своето источно крило.

EPA-EFE

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки им кажа на новинарите дека „САД никогаш не ја исклучиле“ опцијата за пружање помош на земјите од источното крило „пред да дојде до каква било руска инвазија“ на Украина.

Околу 8.500 целосно спремни американски војници се во состојба на висока готовност за да можат да се распоредат во краток рок. Веста ја објави Пентагон, а ја пренесуваат најголемите светски агенции.

Неименуван дипломат на НАТО кажал за Ројтерс дека САД размислуваат за преместување на дел од своите војници сместени во Западна Европа кон исток во претстојните недели.

„Станува збор за американски војници кои веќе се наоѓаат во Европа“, кажал дипломатот, кој го потврдил извештајот на Њујорк тајмс во кој пишува дека американскиот претседател Џо Бајден размислува за испраќање американски војници на Балтикот и источноевропските сојузници.

НАТО денес соопшти дека ги става силите во состојба на готовност и дека ја снабдува Источна Европа со повеќе воени бродови и авиони, што Русија го осуди како ескалација на тензиите.

Дипломатот кажал дека потенцијалното преместување на војниците ќе биде постепено и дека до пополнувањето на дупките на НАТО во источното крило може да дојде во следните недели.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе