Украдени податоци од најмалку два сервери

САД: Руски хакери ги нападнаа мрежите на американската влада, изборните операции не се загрозени

Американски официјални лица соопштија дека претходните денови руски хакери ги нападнале мрежите на десетици државни и локални органи на власта во САД и украле податоци од најмалку два сервера.

EPA/JIM LO SCALZO

Во соопштението на ФБИ и агенцијата за сајбер безбедност на Министерството за внатрешни работи се вели дека дошло до зголемени активности на хакерска група под покровителство на руската држава против широк спектар на мрежи, од кои некои се сериозно компромитирани, пренесе АП.

Имињата и локациите на оние кои биле цел на нападот не се наведени, но официјалните лица велат дека немаат информации дека се загрозени какви било изборни операции, како ни интегритетот на податоците поврзани со претседателските избори што ќе се одржат на 3 ноември.

Легенда под Главна слика

EPA/JIM LO SCALZO

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе