САД: Русите не сакаа да влезат во НАТО

Изјавата на американскиот државен секретар Антони Блинкен е спротивна на она што претходно го кажа рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

„Русија во 1990-тите одлучи дека не сака да се приклучи на НАТО, иако се  зборуваше за тоа“, му рече американскиот државен секретар Антони Блинкен на ТВ-водителот Стивен Колберт во неговата емисија во четвртокот. Руските власти, вклучително и претседателот Владимир Путин, тврдат дека обидот на Русија да се приклучи на блокот бил спречен од Западот.

Блинкен се појави во „Лејт шоу“ за да зборува за американската политика САД за Русија и причините зошто Вашингтон верува дека Путин со нападот врз Украина работи против сопствените декларирани цели.

„Тој сакаше да го спречи НАТО да стане поголемо со Украина. Сега тоа всушност е со Финска и со Шведска“, рече американскиот функционер, мислејќи на апликациите за членство што двете нордиски нации ги испратија до НАТО оваа недела.

Колберт го цитираше ставот на папата Франциско дека проширувањето на НАТО во Европа е делумно виновно за кризата во Украина, но секретарот рече дека тоа не е така.

„НАТО е одбранбен сојуз“, уверуваше тој. „Тоа нема агресивни намери против Русија. Никогаш не ја нападна Русија; нема да ја нападне Русија. Нема намера да ја нападне Русија“.

Водителот потоа предложи, како што ја нарече, „луда идеја“ дека тогаш и на Русија треба да ѝ се дозволи да му се приклучи на НАТО. На тоа, Блинкен рече „во 1990-тите всушност и се зборуваше за тоа“.

„Па Русите одлучија дека не сакаат да го направат тоа“, додаде тој.

Поранешниот генерален секретар на Алијансата Џорџ Робертсон лани во ноември рече дека Владимир Путин сакал Русија да влезе во НАТО, но не сакал неговата земја да помине низ вообичаениот процес на аплицирање и да застане во редот „со многу земји што не се важни“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе