САД потрошиле 290 милиони долари за лекови против радијација по заканата на Путин со нуклеарно оружје

САД потрошиле 290 милиони долари на лекови против радијација, откако рускиот претседател се закани дека ќе користи нуклеарно оружје за да ја одбрани Русија.

Како што објави американската здравствена агенција ХСС, владата купила значителна залиха на лекот „нплejт“, кој го стимулира производството на тромбоцити во телото и го ублажува крвавењето предизвикано од зрачење.

ХСС негира дека лекот е набавен поради руската инвазија на Украина и тврди дека тоа е „дел од долгорочните напори за подобра подготовка на нацијата за спасување животи во случај на радиолошки и нуклеарни катастрофи“.

Лекот е произведен од калифорниската фармацевтска компанија Амген и може да го користат и деца и возрасни.

Месецов рускиот претседател Владимир Путин рече дека ќе ги „заштити“ четирите анектирани украински региони „со сите расположливи средства“, што беше оценето како закана со нуклеарно оружје. Тој го изјави ова за време на церемонијата на припојување на украинските региони кон Русија, во говор во кој жестоко го критикуваше Западот.

Тврдењето дека 18 отсто од Украина сега ѝ припаѓаат на Русија отвора повеќе простор за нуклеарни закани бидејќи Путин би можел секој напад на тие територии да го прогласи за напад врз Русија.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе