Повредени повеќе десетици полицајци

САД: Полицијата уби Афроамериканец на улица, немири во Филаделфија (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Градот Филаделфија во Пенсилванија ноќта меѓу понеделникот и вторникот беше локација на протести и судири со полицијата во кои десетици припадници на полицијата се повредени по смртта на Афроамериканец кој го убија полициските сили.

EPA-EFE

Насилствата ги предизвика смртта на 27-годишниот Волтер Волис Помладиот, во понеделникот попладен во квартот Западна Филаделфија, кого го убија двајца полицајци со истрели од огнено оружје, иако не им се заканувала непосредна опасност, како што покажува видео-снимката објавена на социјалните мрежи.

Полицајците излегле на терен по повикот во кој било пријавено дека маж има нож.

„Волис Помладиот и покрај повиците на полицијата одбил да го фрли ножот“, кажа портпаролот на полицијата на Филаделфија Ерик Грип.

Според таткото на убиениот, кој дал изјава за Филаделфија инквајерер, умбиениот маж пател од психички тешкотии и бил под терапија.

„Зошто не употребиле електричен пиштол?“, прашал Волтер Волис Постариот.

ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА:

Неколку часа по настанот, околу триста демонстранти излегле на улиците за да го изразат незадоволството поради полициското насилство и расизмот, при што се судриле со полицијата.

Триесетина полицајци се повредени, а неколкумина се префрлени во болница, соопшти полицијата на Филаделфија.

Повеќето биле повредено од предмети фрлети врз нив, главно изгореници, а на една полицајка налетал автомобил.

„Ја видов снимката на трагичнот инцидент која поставува тешки прашања на кои треба да се одговори“, кажа градоначалникот на Филаделфија Џими Кени.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе