САД одобрија два лека за коронавирусот во болниците, Трамп ги нарече „Божји дар“

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) одобри користење на антималариските лекови хлорокин и хидроксихолорокин, но исклучиво во болниците.

Министерството за здравство соопшти дека ФДА дала зелено светло тие лекови „да им се препишуваат на адолесценти и возрасни пациенти, кои се хоспитализирани поради ковид-19, по потреба“.

Повеќе земји почнуваат поголеми клинички истражувања за дејството на тие лекови врз коронавирусот откако истражување на помал примерок покажало дека лековите може да се ефикасни.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 24 март ги пофали тие лекови.

„Постојат добри шанси тие да имаат огромно влијание“, кажа тој нарекувајќи ги „Божји дар“.

Контроверзниот француски лекар Дидие Рао, директорот на ИХУ Медитеране инфексион во Марсеј, заговара примена на хлорокин во лекувањето на болеста. Тој поттикна сомнеж кај многу други лекари кои предупредуваат дека истражувањето кое го спровел на мал број пациенти не е спроведено во согласност со „златните стандарди“ на клиничките истражувања, односно, меѓу другото не користел контролна група пациенти кои не ја примаат активната материја.

Американските власти ги предупредуваат граѓаните да не ги земаат лековите на своја рака. Еден жител Аризона умре откако голтнал хлорокин фосфат, средство кое се користи за дезинфекција на аквариуми.

Американските Национален институт за здравство (НИХ) и Агенцијата за биомедицинско напредно истражување и развој (Барда) работат на клиничките истражувања.

Истражувањето на комбинацијата на хидроксихолокин и антибиотикот азитромицин треба наскоро да почне во Њујорк.

Соединетите Држави имаат повеќе од 140.000 случаи на заразени и 2.489 мртви, според податоците на универзитетот Џон Хопкинс.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе