Дипломатски бојкот

САД нема да праќаат официјална делегација на ЗОИ во Пекинг поради кршење на човековите права

Соединетите Американски Држави соопштија дека нема да праќаат официјални владини претставници на Зимските олимписки игри поради кршење на човековите права во Кина, откако Пекинг најави неодредени „контрамерки“ против секој дипломатски бојкот. 

Претседателот на САД, Џо Бајден минатиот месец рече дека разгледуваат таков бојкот и ја критикуваше Кина за кршење на човековите права, вклучувајќи го и како што вели Вашингтон, геноците против муслиманското малцинство во западниот регион Ксинџијанг.
 
„Администрацијата на Бајден нема да испрати ниту еден дипломатски или официјален претставник во Пекинг на Зимските олимписки игри 2022 и Параолимписки игри поради тековниот геноцид и злосторства против човештвото во Ксинџијанг од страна НР Кина како и поради другите прекршувања на човековите права“, рече портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
 
„Дипломатското и официјално претставништво на САД би ги третирало овие игри како вообичаен бизнис со оглед на огромните прекршувања на човековите прави и злосторства од страна на НР Кина во Ксинџијанг, едноставно не можеме да пратиме претставници“.
 
Дипломатскиот бојкот на САД нема да има никаков ефект врз присуството на американските спортисти на игрите.
 
„Спортистите на САД ја имаат нашата целосна поддршка. Ние ќе бидеме зад нив 100 проценти и ќе навиваме од дома“.
 
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жоао Лиџијан претходно во Пекинг изјави дека оние што повикуваат на бојкот треба да престанат за да не влијаат на дијалогот и соработката меѓу Кина и САД во важни области. 
 
„Ако САД инсистираат да се држат до својот курс, Кине ќе преземе решителни контрамерки“, рече тој без да навлезе во деталите на какви мерки се мисли.
 
САД треба да бидат домаќини на Олимпијадата во 2028 година во Лос Анџелес, па се поставува прашањето дали Кинезите кога велат контрамерки мислат на овој настан.
 
Рускиот претседател Владимир Путин е единствениот лидер на голема држава која ја прифати поканата на Кина.
 
Групите за човекови права го поздравија бојкотот, но рекоа дека Вашингтон може да направи повеќе за да ја повика Кина на одговорност.
 
Псаки рече дека Соединетите држави им ја кажале својата одлука на сојузниците, но оставиле тие самите да одлучат дали ќе сакаат да бојкотираат.
 
Други земји, вклучително и Австралија и Британија, наводно размислуваат за бојкот.
 
Стефано Санино, шефот на дипломатската служба на Европската унија, во петокот по состаноците со американски официјални претставници во Вашингтон рече дека е важно да се продолжи притисокот врз Кина поради злоупотребите во Ксинџијанг, но дека секој бојкот е во доменот на поединечните земји-членки, а не заедничката надворешна политика на ЕУ.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе