САД на Ирак му враќаат 17 илјади украдени древни артефакти од инвазијата во 2003

Соединетите Американски Држави враќаат повеќе од 17.000 древни артефакти ограбени и прошверцувани од Ирак по американската инвазија во 2003 година, вклучувајќи и 3.500 години стара глинена плоча со дел од Епот за Гилгамеш, објавија денес ирачките министерства за култура и надворешни работи.

EPA-EFE

Десетици илјади вредни артефакти исчезнаа од Ирак по американската инвазија во 2003 година, со која беше урнат Садам Хусеин.

Бројни вредни историски предмети уништила или прошверцувала и терористичката Исламска држава, која контролираше третина од Ирак од 2014 до 2017 година, пред да ја порази ирачката војска со помош на сојузниците.

Американските власти кои работат на враќање на артефактите неодамна потпишаа договор со Багдад за враќање на предметите одземени од трговци и музеи во САД, соопштија ирачкото министерство за култура и министерството за надворешни работи.

„Владата на САД запленила некои од артефактите и ги испратила во (ирачката) амбасада. Важната плоча со Епот за Гилгамеш ќе биде вратена во Ирак следниот месец, откако ќе се завршат правните процедури“, изјави министерот за култура Хасан Надхум за Ројтерс.

Американските власти ја заплениле плочата во 2019 година, откако била прошверцувана и продадена на аукција на трговец со уметнички предмети во Оклахома и изложена во музеј во Вашингтон, објави министерството за правосудство на САД, наведувајќи дека судот минатиот месец наложил запленување на украдениот предмет.

Во одлуката на судот се наведува дека трговецот ја купил плочата во 2003 од лондонски трговец. Епот за Гилгамеш е 3.500 години стара сумерска приказна која се смета за едно од првите книжевни дела во светот.

Надхим најави дека ќе бидат вратени и други плочи испишани со клинесто писмо.

Ирачкото древно наследство е десеткувано во конфликтите, уништувањето и грабежите, особено од 2003. Илјадници артефакти сè уште недостасуваат.

По 2014 година Исламска држава, која проповедаше нетолерантно и екстремистичко толкување на исламот, заплени и уништи историски знаменитости во, според проценката на Унеско, „индустриски размери“, користејќи шверцерска мрежа низ Блискиот Исток и пошироко за финансирање на своите операции.

Со помош на меѓународните агенции ирачките власти се обидуваат да ги најдат и вратат своите вредни артефакти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе