Во порака објавена на профилот на амбасадата на САД на Твитер, Марфи ја честита годишнината од формирањето на единствените вооружени сили на Босна и Херцеговина, создадени во 2006 година со спојување на претходните армии на ентитетите.
There is no other country more invested in BiH and in supporting the Armed Forces of BiH than the U.S., and my country is proud of that. Today, I am pleased to announce that this year the United States is committing an additional $17 million to support the Armed Forces of BiH. pic.twitter.com/r5jPNjmaaw
— US Embassy Sarajevo (@USEmbassySJJ) December 1, 2022
Оваа интеграција беше извршена под силен притисок на меѓународната заедница, особено на САД, а Босна и Херцеговина доби обединета армија, која се состои од околу десет илјади професионални војници, подофицери и офицери и околу пет илјади припадници на т.н. активни резервисти. Американскиот амбасадор истакна дека нема земја што повеќе од САД инвестирала во помош на вооружените сили на Босна и Херцеговина.
„Мојата земја се гордее со тоа. Денеска со задоволство можам да објавам дека оваа година САД издвојуваат дополнителни 17 милиони долари за поддршка на вооружените сили на Босна и Херцеговина“, рече Марфи. Буџетот со кој располага Министерството за одбрана на БиХ и нејзините вооружени сили со години е на ниво под 300 милиони конвертибилни марки, или 150 милиони евра, а со овие пари е можно да се обезбедат само основните функции на армија.
Функционерите во владините тела од редовите на босанските Срби се цврсто против зголемувањето на средствата за армијата на БиХ и се за нејзино целосно укинување, што би го спречило евентуалното членство на БиХ во НАТО, што е и постојана тема на политички контроверзии во земјата.