САД ја менуваат приказната: Саудискиот принц престолонаследник го наредил убиството на Кашоги

Американската администрација наскоро ќе објави извештај на разузнавачките служби во кој се наведува дека синот на кралот на Саудиска Арабија учествувал во суровото убиство на новинарот Џамал Кашоги. Се очекува претседателот на САД Џо Бајден наскоро да го повика кралот Салман за со него да разговара за извештајот.

EPA-EFE

Во извештајот се наведува дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го одобрил и најверојатно го наредил убиството на Кашоги, пренесува Ројтерс повикувајќи се на четири извори запознаени со извештајот.

Белата куќа е под притисок на активистите и борците за човекови права и саудиските дисиденти да стави крај на кршењето на човековите права во Саудиска Арабија со нови санкции кои ќе го зауздаат принцот Мухамед и ќе бидат знак дека САД се откажуваат од политиката на „гушкање на деспотите“.

Медиумите и претходно јавуваа дека саудискиот принц и фактички владетел е одговорен за убиството на Кашоги.

„Објавувањето на извештајот е долгоочекуваниот чекор по кој мора да следи повикување на одговорност за ваков варварски чин да не се случи повторно“, кажа Халид Адџабри, Саудиец кој живее во егзил во Канада. Негов татко е Сад Алдџабри, поранешен советник на Мухамед бин Наеф, поранешниот принц кој сега е во затвор. „Благите санкции на Трамповата администрација не го одвратија Мухамед бин Салман. Бајденовата администрација мора да преземе поефикасни чекори и да ги санкционира високите функционери, политичари, институции и ентитети кои придонесоа на убиството“, додаде тој.

Пред изборите во САД Бајден кажа дека Саудиска Арабија заслужува да ја третираат како негативец поради убиството ан Кашоги кој ја критикуваше саудиската власт, но и поради начинот на кој принцот Мухамед се пресметува со критичарите. Аналитичарите, меѓутоа, сега оценуваат дека како претседател Бајден ќе има поумерен став.

Саудискиот дисидент, новинар и колумнист на Вашингтон пост беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул во 2018. Жестокиот критичар на саудиската влада во конзулатот бил повикан за да добие документација потребна за венчавка. Кашоги од заседа го нападнале 15 убијци, кои го задушиле и на крајот го распарчиле, а целиот напад бил снимен и во јавноста подоцна се појавија транскрипти од тие аудио-снимки.

Турските власти спроведоа истрага и заклучија дека Кашоги бил фатен веднаш штом влегол во саудискиот конзулат и дека тоа го направиле членови на саудискиот тим убијци, наводно тесно поврзан со принцот Мухамед бин Салман. Тимот наводно бил испратен во Истанбул за да го убие Кашоги.

Саудиската влада најпрво се обиде да го прикрие убиството за потоа да го признае. И покрај доказите дека Бин Салман го нарачал убиството, саудискиот принц мина неказнето, а саудиската влада осуди неколку безбедносни функционери поради убиството на новинарот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе