Техеран има нови барања

САД: Иран може за неколку недели да направи нуклеарна бомба

Иран во последната рунда разговори додаде барања што не се поврзани со дискусиите за неговата нуклеарна програма и постигна алармантен напредок во збогатувањето ураниум, рече американскиот претставник во преговорите за обновување на нуклеарниот договор.

Фото: ЕПА

Американскиот специјален пратеник за Иран, Роберт Мали, рече дека на маса има предлог за временска рамка до која Иран би можел да му се врати на почитувањето на нуклеарниот договор, а Вашингтон би можел да ги олесни санкциите кон Техеран.

Индиректните разговори меѓу Техеран и Вашингтон, со цел да се пробие ќор-сокакот околу тоа како да се спаси иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, минатата недела во Доха, Катар, завршија без напредок.

Мали рече дека иранските преговарачи додале нови барања.

„Тие, меѓу другото и во Доха, додадоа барања што мислам дека секој што ќе ги види ќе заклучи дека немаат никаква врска со нуклеарниот договор, работи што ги сакаа во минатото“, рече тој во интервју за Националното јавно радио. Меѓу барањата се и некои за кои САД и Европејците рекоа дека не можат да бидат дел од преговорите.

„Дискусијата што навистина треба да се случи во моментов не е толку меѓу нас и Иран, иако ние сме спремни да ја оствариме. Тоа е меѓу Иран и самиот него“, рече Мали. „Треба да донесат заклучок дали сега се подготвени да му се вратат на почитување на договорот.“

Според нуклеарниот договор, Техеран ја ограничи својата програма за збогатување ураниум, потенцијален пат до нуклеарно оружје, иако Иран вели дека бара само цивилна атомска енергија. Тогашниот американски претседател Доналд Трамп го напушти договорот во 2018 година, нарекувајќи го премногу попустлив кон Иран, и повторно воведе строги санкции, што го натера Техеран да ги прекрши нуклеарните ограничувања од пактот.

Сега Техеран е многу поблиску до тоа да има доволно фисиски материјал за нуклеарна бомба, рече Мали, иако се чини дека не ја обновил својата програма за оружје.

„Но, се разбира, ние сме загрижени, како и нашите партнери, за напредокот што тие го постигнаа во областа на збогатувањето“, рече Мали. Иран има доволно високо збогатен ураниум за да направи бомба и тоа може да го направи за неколку недели, рече тој.

Мали рече дека Американците, исто така, работат паралелно за да обезбедат ослободување на Американците приведени во Иран. Сијамак Намази, кој беше приведен во 2015 година и е најдолго притворениот иранско-американски затвореник, во неделата замоли за помош во авторски текст на Њујорк тајмс со наслов „Јас сум Американец, зошто сум оставен да гнијам како заложник на Иран?“.

„Се надеваме, без оглед на тоа што ќе се случи со нуклеарните преговори, дека ќе можеме да го решиме ова прашање бидејќи тоа секој ден ни е во глава“, рече Мали.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе