САД и Русија денеска заедно испраќаат астронаути во вселената, за прв пат од војната во Украина

Вселенските суперсили Русија и САД денес испраќаат екипаж на Меѓународната вселенска станица (ИСС) во првата заедничка мисија по руската инвазија на Украина. Со капсулата Сојуз ќе полетаат космонаутите Сергеј Прокопиев и Димитриј Петелин и астронаутот на НАСА Франк Рубио.

Фото: ЕПА

Лансирањето е закажано за 11:45 часот од космодромот Бајконур во казахстанската степа во Централна Азија. Летот до ИСС ќе трае три часа, а тројцата членови на екипажот таму ќе поминат три месеци.

Пред неколку недели, Рубио рече дека се работи за „многу важна мисија“, додавајќи дека станал „добар пријател“ со членовите на рускиот екипаж.

Тој ја нарече соработката на НАСА со руската вселенска агенција Роскосмос „добра и силна“, без оглед на тензиите меѓу Москва и Вашингтон.

„Мислам дека е важно, кога поминуваме низ моменти на напнатост во други работи, човечкиот лет во вселената и истражувањето, страст што ја делат двете агенции, да остане еден вид дипломатија и партнерство, нешто што го споделуваме и се стремиме заедно да постигнеме извонредни работи“, изјави американскиот астронаут.

Русија истакнува дека санкциите на САД и ЕУ ги попречуваат нејзините активности и развој на полето на вселената, вклучително и производството на ракети, кои имаат и воена примена.

Москва неодамна објави дека ќе се повлече од долговечната Меѓународна вселенска станица по 2024 година поради конфликтот со западните сили. Точниот датум не го соопшти, а некои аналитичари се сомневаат дека Русија ќе го направи тоа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе