САД ѝ испратиле на Украина 100 „камиказе дронови“ (ВИДЕО)

Соединетите Американски Држави ѝ испратиле на Украина 100 таканаречени камиказе дронови, соопшти претставник на американското министерство за одбрана.

Скриншот Јутјуб

„Ќе стигнат во Украина наскоро, ако веќе не се стигнати. Разговараме со Украина за користење на тие дронови во иднина и нормално дека ќе ја држиме таа опција отворена“, кажа портпаролот на Пентагон Џон Кирби.

Станува збор за мали дронови кои носат боеви глави и се забиваат во метите. Можат да се носат во ранец, а се лансираат од мала цевка. Најмалиот модел може да погоди мета оддалечена до 10 километри, тврди компанијата која ги произведува.

Кирби додаде дека САД „увежбале многу мал број украински војници“ за користење на дроновите. Идејата била тие војници во Украина да обучуваат други војници.

„Лице може соодветно да се увежба за користење на тие дронови за околу два дена“, кажа Кирби.

Додаде дека САД се „спремни да разгледаат други опции, доколку е потребно, за да се овозможи дополнителна обука за работа со таквите дронови“.

Легенда под Главна слика

Скриншот Јутјуб

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе