„Ќе стигнат во Украина наскоро, ако веќе не се стигнати. Разговараме со Украина за користење на тие дронови во иднина и нормално дека ќе ја држиме таа опција отворена“, кажа портпаролот на Пентагон Џон Кирби.
Станува збор за мали дронови кои носат боеви глави и се забиваат во метите. Можат да се носат во ранец, а се лансираат од мала цевка. Најмалиот модел може да погоди мета оддалечена до 10 километри, тврди компанијата која ги произведува.
Кирби додаде дека САД „увежбале многу мал број украински војници“ за користење на дроновите. Идејата била тие војници во Украина да обучуваат други војници.
„Лице може соодветно да се увежба за користење на тие дронови за околу два дена“, кажа Кирби.
Додаде дека САД се „спремни да разгледаат други опции, доколку е потребно, за да се овозможи дополнителна обука за работа со таквите дронови“.