САД го суспендираа издавањето визи за Турција по предупредувањето за можни напади

Американската амбасада во Анкара во петокот објави дека привремено го прекинува визниот процес во сите мисии во Турција поради веродостојни предупредувања дека на американските граѓани во Истанбул им се закануваат терористички напади и киднапирања.

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

„Мисијата на Соединетите Држави во Турција доби веродостојни извештаи за потенцијални закани од терористички напади и киднапирања врз американски и странски државјани во Истанбул“, соопшти амбасадата.

Целите би можеле да бидат американскиот конзулат во Истанбул и други локации во земјата.

Привремено се укинува и работата со американски државјани во пет дипломатски мисии во Турција, вклучително и амбасадата во Анкара и генералниот конзулат во Истанбул.

Американската амбасада ги повикува американските граѓани „да бидат претпазливи на места каде што би можеле да се собираат Американци или странци, вклучително канцеларии и трговски центри“.

На американските граѓани им е препорачано да не се истакнуваат.

Во октомври 2016 година, Вашингтон ги евакуираше семејствата и дипломатскиот персонал од Истанбул по извештаите дека „екстремистички групи подготвуваат напади врз американски државјани во населби во Истанбул каде живеат Американци или ги посетуваат“.

Во 2015 и 2016 година, Турција беше потресена од голем број смртоносни атентати за кои одговорноста ја презеде исламистичката група или на неа ѝ беа припишани. Последниот таков напад се случи на новогодишната ноќ во 2017 година во дискотека во Истанбул со 39 жртви, претежно странци.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе