Како што се наведува во соопштението, американската администрација сметала дека тоа е неопходно за да се намали ризикот од конфликт со Москва.
Весникот пишува дека во Украина биле испорачани 20 повеќецевни ракетни фрлачи, но тие биле модифицирани за да не можат да лансираат ракети со долг дострел, вклучувајќи го и АТАКМС, чиј радиус надминува 300 километри.
Иако САД ја откажаа испораката на вакви ракети во Украина, оваа промена гарантира дека системите не можат да се користат за нивно лансирање дури и ако ги набават ракетите од други извори.
Русија претходно испрати протестна нота до земјите од НАТО поради испораката на оружје за Украина. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека секој товар што содржи оружје за Украина ќе биде легитимна цел за Русија.