САД дале „зелено светло“ за средба на претставници на Белград и Приштина

Белата куќа дала „зелено светло“ за нова средба на претставници на Белград и Приштина во блиска иднина.

EPA-EFE

Тоа се случило по откажувањето на состанокот на двете делагиции кој беше планиран за 27 јули во Вашингтон, јавува Војс оф Америка.

Во разговорот со активисти на американско-албанската заедница, преку видео-конференција, специјалниот претставник за преговорите на Белград и Приштина Ричард Гренел минатата недела, според тврдењата на Мартин Вулај, поранешниот директор на Албанско-американскиот национален совет, јасно дал до знаење дека оваа прилика не смее да се пропушти.

„Изрази фрустрација на некој начин. Постои тој страв дека САД би можеле да почувствуваат фрустрација од целиот процес, дека тој самиот (Гренел) би можел да добие други задолженија доколку проценат дека двете страни не се спремни за договор. Ден по видеоконференцијата со нашата група, Гренел се сретнал со претседателот (на САД Доналд) Трамп и побарал, а претседателот му дал „зелено светло“ процесот да продолжи, како последна шанса, ако можам така да кажам“, кажа Вулај за албанскиот сервис на Војс оф Америка.

Фокусот на средбата, како и претходно, остануваат економските прашања, но Вулај верува дека овие разговори би можеле да создадат нова енергија, која тој ја гледа како чекор кон политичко решение, наведува Војс оф Америка.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе