Ружди е критично: „На респиратор е, црниот дроб му е прободен. Најверојатно ќе загуби око“

Познатиот автор од индиско потекло Салман Ружди, кој помина години криејќи се откако иранските власти ги повикаа муслиманите да го убијат поради неговото пишување, беше избоден со нож во главата, вратот и торзото за време на предавање во Њујорк во петокот и со хеликоптер беше пренесен во болница, соопшти полицијата.

Фото: ЕПА

По операцијата, која траела неколку часа, Ружди е на респиратор и не може да зборува. Писателите и политичарите ширум светот го осудија нападот врз Ружди.

„Вестите не се добри“, напиша Ендрју Вајли, неговиот агент, преку е-маил. „Салман најверојатно ќе го загуби едното око. Нервите во раката му се пресечени, а црниот дроб му е прободен и оштетен“, додаде тој.

Ружди (75), кој беше претставуван од организаторот на настанот, беше избоден со нож на сцената на институтот Чаутаука во западен Њујорк, каде што требаше да им зборува на стотиците собрани за уметничката слобода. Запрепастените посетители помогнале да се отстрани напаѓачот од Ружди, кој паднал на подот.

Полицаец од државната полиција на Њујорк, кој го обезбедувал настанот, го уапсил напаѓачот. Полицијата го идентификуваше осомничениот како Хади Матар, 24-годишен од Фервју, Њу Џерси, кој купил билет за настанот.

„Човекот, не знам од каде, скокна на бината и го нападна, задавајќи му удари на градите и вратот“, изјави Бредли Фишер, кој бил во публиката, додавајќи дека луѓето „врескаа и плачеа“. Лекар од публиката се грижел за Ружди додека не пристигна брзата помош, соопшти полицијата.

Хенри Рис, модераторот на настанот, се здоби со полесна повреда на главата. Полицијата соопшти дека соработува со федералните истражители за да го утврдат мотивот, но не го опиша употребеното оружје.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан го опиша инцидентот како „ужасен“. „Благодарни сме им на граѓаните и на оние кои први реагираа за така брзо да му помогнат“, напиша тој на Твитер.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе