Руското Министерство за одбрана за експлозиите на Крим: Тоа е саботажа

Руското Министерство за одбрана соопшти дека експлозиите во магацинот за муниција на Крим се последица на саботажа, јави денеска руската државна новинска агенција РИА Новости.

Фото: Твитер

„Утрото на 16 август, како резултат на саботажа, оштетен е воен магацин во близина на селото Џанкоја. Нема сериозно повредени. Се преземаат неопходни мерки за отстранување на последиците од саботажата“, се вели во соопштението на министерството.

Министерството не прецизираше колку воена опрема и муниција е оштетена или уништена.

Според руското Министерство за одбрана, во експлозијата нема повредени, но причинета е штета на цивилни објекти, вклучувајќи далноводи, електрани, железничка пруга и станбени згради.

Пожарот во оградениот магацин за муниција во воената единица кај селото Мајскоe избувнал околу 06:15 часот. Според шефот на Крим, Сергеј Аксјонов, двајца цивили се повредени - лесно и умерено. Областа на инцидентот е опколена, а од таму се евакуирани околу 2.000 луѓе.

Седум патнички возови доцнеле поради оштетувањето на железничките пруги. Сообраќајот ќе биде обновен дури откако ќе бидат преземени сите безбедносни мерки, наведува РИА Новости.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе