Американски аналитички Институт за војна

Руските сили продолжуваат да се прегрупираат, одмараат и обновуваат

Институтот за проучување на војната (ИСВ) објави нова анализа за војната во Украина. Како што наведуваат руските сили остануваат во оперативна пауза во Украина. Руските сили продолжуваат да се прегрупираат, одмараат и реконструираат, додека ги бомбардираат критичните области за да се постават услови за идни копнени офанзиви.

Фото: Твитер

Во анализата се наведува и дека оваа пауза не значи целосен прекин на нападите. Сегашните руски офанзивни акции веројатно се наменети за подготовка за идни офанзиви, иако сè уште не е познато кога ќе се случат такви офанзивни дејства. Џејк Саливан, советникот за национална безбедност на Белата куќа на 11 јули објави дека Иран ќе и достави „до неколку стотици беспилотни летала“ на Русија на забрзана основа, но не прецизираше точно за какви беспилотни летала станува збор.

Саливан истакна дека Иран исто така ќе обезбеди беспилотни летала способни да носат оружје и ќе ги обучи руските сили да користат ирански беспилотни летала уште во јули. Руските воени блогери и дописници претходно го критикуваа Кремљ за неефективното воздушно извидување и недостатокот на беспилотни летала, пишува ИСВ.

Поранешниот руски воен командант Игор Гиркин изјави дека украинските сили успешно ја бранеле линијата на фронтот во регионот на Доњецк благодарение на нивните беспилотни летала. Рускиот дописник од фронтот Александар Сладков, исто така, се пожали дека руските сили можеле да набават повеќе беспилотни летала, но не го направиле тоа.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе