петок, 10 мај 2024

Мбапе се збогува со ПСЖ без да го спомне првиот човек на клубот (ВИДЕО)

Килијан Мбапе со видео на социјалните мрежи соопшти дека по крајот на сезоната го напушта ПСЖ, напаѓачот се збогува со „светците“ без да го спомне првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи.

Објавено на

часот

Сподели

Пристигна официјална потврда на она што беше познато со месеци, Килијан Мбапе нема да стави потпис на нов договор со ПСЖ и ќе го напушти Париз.

Со видео на социјалните мрежи, напаѓачот соопшти дека започнува нова авантура и се збогува со „светците“.

„Здраво на сите, сакам да ви се обратам. Ова е моја последна година во ПСЖ, нема да го продолжам договорот и за неколку недели ќе дојде крајот на мојата етапа во Париз. Во недела ќе биде мојот последен натпревар на „Паркот на принцовите“. Емоциите се огромни, имав чест да бидам дел од најголемиот клуб во Франција и еден од најдобрите во светот.  Ова ми беше прво искуство во клуб каде притисокот е огромен, каде пораснав како играч и каде имав шанса да бидам рамо до рамо со најдобрите во историјата, со големи шампиони“ – вели Килијан Мбапе.

„Сакам да им се заблагодарам на сите тренер, Унаи Емери, Томас Тухел, Маурисио Покетино, Кристоф Галтие и Луис Енрике. Сакам да им се заблагодарам и на спортските директор, Леонардо и Луис Кампос, секогаш ми даваат поддршка. Благодароност и до сите луѓе во клубот, оние кои не и се толку познати на јавноста, оние зад сцената, кoи се важен дел од функционирањето на клубот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ