Фотографијата на својот канал на Телеграм ја објави руската државна вселенска агенција Роскосмос со порака во која се слави „ослободувањето“ на Луганск, источниот украински регион чиј град Лисичанск падна во руски раце за време на викендот.
Космонаутите Олег Артемиев, Денис Матвејев и Сергеј Корсаков позираа со знамето на проруските сепаратисти на фотографијата.
Russian cosmonauts and the Roscosmos Corporation have congratulated the head of the LPR on the victory in the battle for the Republic.
— Lexi (@missylexilou) July 4, 2022
Photo from Roscosmos. pic.twitter.com/h32kA0TslX
Пораката која Роскосмос ја објави со фотографијата гласи: „Денот на ослободувањето на Луганската Народна Република. Славиме и на Земјата и во вселената“.
„Роскосмос и нашите космонаути, кои работат на Меѓународната вселенска станица, се придружуваат на честитките на лидерот на ЛПР, Леонид Пашечник, и на новиот Ден на големата победа“, се вели во соопштението на руската вселенска агенција.
„Ова е денот што граѓаните на окупираната област Луганск го чекаа долги осум години. Сигурни сме дека 3 јули 2022 година засекогаш ќе влезе во историјата на Републиката. Граѓани на сојузничката Народна Република Доњецк, чекајте!“, се заклучува во пораката на Роскосмос.