„Путиновиот готвач“

Руски олигарх призна дека е основач и водач на приватната безбедносна група „Вагнер“

Бизнисменот Евгениј Пригожин за прв пат јавно призна дека во 2014 година ја создал групата, подоцна наречена „Вагнер", истакнувајќи дека благодарение на нивната храброст, судбината на самопрогласените републики во Доњецк и Луганск радикално се променила, а народите во Сирија, арапските, африканските и латиноамериканските земји добиле заштита. Коментарот на Пригожин е објавен на социјалната мрежа ВКонтакте на страницата на неговата компанија Конкорд, пренесува РИА Новости.

EPA-EFE

„Во 2014 година, кога започна геноцидот врз руското население во Донбас, кога Русија скокна на последната парна локомотива и успеа да го спречи доаѓањето на украинската војска на Крим, јас, како и многу други бизнисмени, отидов на полигонот каде се собраа ‘козаците’ кои се обидуваа да се расфрлаат со пари за да регрутираат група која би отишла да ги штити Русите. Но, брзо сфатив дека половината се преваранти меѓу сите тие ‘козаци’ и другите паравоени другари, а половина се оние кои земале пари од ангажираните доброволци и ги испратиле голи и боси во вистинска смрт“, напиша Пригожин во коментарот.

Тој додаде дека и самиот долетал на еден од полигоните, каде што самиот го исчистил старото оружје, ги средил панцирите и нашол специјалисти кои би можеле да помогнат.

„Од тој момент, на 1 мај 2014 година, се роди група патриоти кои подоцна го доби името баталјон Вагнер. Единствено благодарение на нивната храброст стана возможно ослободувањето на луганскиот аеродром и многу други територии, а судбината на ЛНР и ДНР радикално се промени“, се вели во пораката.

Тој истакнува дека многумина се обиделе да најдат нечистотии за групата Вагнер, додека самите членови на групата знаеле само едно – да се борат и да ги заштитат обесправените. Тој за членовите на групата Вагнер рече дека тие се херои кои го бранеле народот во Сирија, другите арапски народи, сиромашните Африканци и Латиноамериканците и станале еден од столбовите на Русија.

Пригожин претходно тужеше медиуми, вклучително и истражувачката веб-страница „Белингкет“, руската информативна страница „Медуза“ и сега затворената радио станица „Ехо на Москва“ за известувањата за неговата поврзаност со групата Вагнер, пишува Ројтерс.

Украинските безбедносни служби во јули ја обвинија групата „Вагнер“ дека е одговорна за нападот на затворот во Оленивка, каде што беа сместени заробени украински војници. Како што тогаш се тврдеше од Киев, целта на нападот на затворот била да се сокрие проневерата на парите што групата ги добивала од Москва за да инвестира во затворот.

Во извештаите за регрутирање руски затвореници за учество во војната во Украина, не се споменува само Вагнер, туку и самиот Пригожин. Тој, наводно, самиот ги посетува затворите и ги убедува осудениците да се пријават за војна во замена за слобода.

За време на Советскиот Сојуз, Пригожин бил уапсен за кражба, измама и организирана проституција. Тој бил осуден на 12 години затвор, која ја одлежувал од 1981 до 1990 година.

Од штанд за продажба на виршли, Пригожин го проширил својот бизнис до казина, ресторани и до фабриката за угостителски услуги Конкорд. Во 2012 година добил договор од државата за снабдување на руската армија со храна. Во меѓувреме, склучил договори за подготвување оброци за училиштата, како и за државните службеници, што му донело огромно богатство.

Пригожин, познат како „Путиновиот готвач“ поради угостителските договори на неговата компанија во Кремљ, е санкциониран од Соединетите Американски Држави и Европската Унија поради неговата улога во Вагнер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе