Со анализа на сателитски снимки

Рускиот брод поврзан со експлозијата во Бејрут не пловел 7 години, Њујорк тајмс го најде (ФОТО)

Експлозивниот материјал што е одговорен за експлозијата на 4 август бил донесен таму од изветвениот брод Росус во 2013. Еве што се случило потоа, вели Њујорк тајмс.

На 21 ноември 2013 година, во 11:27 часот претпладне, на пристаништето во Бејрут пристигнал стар изветвен брод. Никогаш не заминал, а скоро седум години подоцна неговиот нестабилен товар ќе доведе до трагедија во градот. Росус бил натоварен со 2.750 тони амониум нитрат, за кој се верува дека разнесе поголем дел од пристаништето и оштети големи делови од градот кога се запали во магацинот на 4 август.

Поранешниот капетан на бродот, Борис Прокошев, за Њујорк тајмс вели дека слушнал од други морнари дека Росус потонал во 2015 или 2016 година. Оваа временска рамка се покажа како неточна. Со анализа на сателитските снимки и на податоците за следење на бродот, единицата на Њујорк тајмс за визуелни истраги се вратила во времето за да го следи бродот што го донел катастрофалниот товар во Бејрут. Ја нашле неговата точна локација, каде што тој се наоѓа скриен на кратко растојание од епицентарот во Бејрут.

Временската рамка и локацијата на Росус во Бејрут пак станаа важни во петокот, кога претседателот на Либан, Мајкл Аун, рече дека истрагата за инцидентот ќе се фокусира и на тоа како експлозивните материи влегле и се чувале во областа.

 

Последното патување

Росус тргнал на своето последно патување од Батуми, Грузија, во септември 2013 година. Неговиот товар бил наменет за Мозамбик, но на капетанот му било наредено непланирано да застане во Бејрут за да преземе дополнителни товари. Капетанот Прокошев рече дека им требале уште пари за да платат за својот премин низ Суецкиот канал. Адвокатите на доверителите на бродот рекоа дека дополнителниот товар требало да биде транспортиран во Јордан.

 

Заплена

Во Бејрут пристанишните власти го заплениле бродот стар 27 години откако нашле повеќе недостатоци, според еден поморски напис од 2014 година. На капетанот и на дел од неговиот екипаж им било наредено да останат на бродот.

Фотографија од 2014 година го прикажува него со дел од 2.750-те торби амониум нитрат во пристаништето. Овие торби се совпаѓаат со торбите фотографирани подоцна во складот што на крај експлодира, по инцидентот објавени на Твитер од либанска новинарка. На сликите од магацинот се гледа и името на компанијата: Рустави Азот Л.Л.Ц. од Грузија, што е наведено и во документите за испорака од 2013 година за патувањето.

Транспондерот на бродот ја испратил својата последна позиција на 7 август 2014 година, истиот месец кога екипажот бил ослободен.

 

Напуштен

Росус бил напуштен, а либанските власти го пренеле неговиот товар во магацин во пристаништето. Во 2015 година бродот бил преместен 300 метри погоре во пристаништето, каде што останал околу три години. Сателитските слики покажуваат брод што одговара на димензиите на Росус, со отворени товарни прегради, што укажува дека е празен.

 

Запоставен

Росус многу протекувал и почнал да тоне во февруари 2018 година. За неколку дена бродот бил целосно потопен. Стивен Вуд, експерт за сателитски слики во компанијата за вселенска технологија Максар, анализирал слика од 18 февруари 2018 година за Тајмс. Тој користел подводна технологија со која подобро се откриваат потопените објекти. На сликата што произлегла од тоа бродот е детално прикажан, и покрај тоа што е под вода.

Заборавен

Властите никогаш не го отстраниле потонатиот брод на северниот раб на пристаништето, каде што се чинело дека не го попречува бродскиот сообраќај. Росус досега останал скриен и заборавен. Исто како и неговиот експлозивен товар, складиран на само 460 метри подалеку во магацин. На 4 август пожар го запали амониум нитратот, при што загинаа повеќе од 150 луѓе и беа повредени илјадници.

Претседателот на Либан рече дека повеќе влади од 2013 година добиле предупредувања за материјалите од Росус. Во тек е истрага, а приведени се 20 пристанишни службеници.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе