Рускиот „амбасадор“ на државната телевизија: „Украина повеќе не постои“

Родион Мирошник, т.н руски амбасадор во самопрогласената проруска Народна Република Луганск, неодамна се појави во ток-шоу на руската прорежимска телевизија Русија 1, каде рече дека „Украина повеќе не постои". Независноста на т.н Народна Република Луганск е призната само од Русија, Сирија и Северна Кореја.

Фото: Википедија

„Денес Украина повеќе не е Украина. Украина не постои“, рече Мирошник, додавајќи дека таа „систематски се менува“.

„Тоа сега е воинствено племе, кое го опремуваат, тренираат и финансираат, а потоа го испраќаат да умре“, рекол рускиот „амбасадор“ и додал: „Има многу видеа, толку многу луѓе во нивните редови зборуваат англиски. Многу е важно Украинците да зборуваат англиски затоа што треба директно да комуницираат со своите шефови. Тие треба да разговараат со НАТО на нивниот јазик“.

Легенда под Главна слика

Фото: Википедија

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе