Му пукал во глава на 62-годишен невооружен Украинец

Руски војник се изјасни за виновен на судењето за воени злосторства во Украина

Првиот руски војник кому му се суди за воени злосторства на Москва за време на инвазијата на Украина денеска се изјасни за виновен за убиство на невооружен цивил.

Фото: ЕПА

Вадим Шишимарин (21) може да се соочи со доживотна затворска казна затоа што му пукал во глава на 62-годишен Украинец во областа Сума на 28 февруари, четири дена по почетокот на инвазијата.

Според Шишимарин, додека се повлекувале, тој и неговите колеги заплениле цивилен автомобил фолксваген. По пат виделе невооружен маж како разговара на телефон: „Добив наредба да пукам, пукнав во него, тој падна, ние продолживме понатаму“, рече тој.

Судијата го праша Шишимарин дали ќе се изјасни за виновен. Шишимарин одговори: „Да“. „Целосно?“, праша судијата, на што рускиот војник одговори потврдно.

Заробениот Шишимарин бил припадник на руска тенковска единица и е кривично гонет според делот на украинскиот кривичен закон што се однесува на законите и обичаите на војната.

Украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова претходно изјави дека нејзината канцеларија подготвува случаи за воени злосторства против 41 руски војник за злосторства како што се бомбардирање цивилна инфраструктура, убивање цивили, силување и грабежи.

Не е познато колку осомничени се во украински раце, а на колкумина ќе им се суди во отсуство.

Како прв случај на воени злосторства во Украина, кривичното гонење на Шишимарин го привлече вниманието на медиумите. Поради големиот број новинари, судењето е одложено за 19 мај. Според судијата, на судењето дошле повеќе од 150 претставници на медиуми.

Инспекторите собираат докази за можни воени злосторства за да ги изведат пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Канцеларијата на Венедиктова соопшти дека истражува повеќе од 10.700 случаи на потенцијални воени злосторства во кои се вклучени повеќе од 600 осомничени, вклучително и руски војници и владини претставници.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе