Од украински суд

Руски војник осуден на доживотен затвор поради воено злосторство

Суд во Украина осуди доживотен затвор командант на руски тенк за убиство на цивил на првото судење за воени злосторства по инвазијата.

Фото: ЕПА

Заробениот војник, наредникот Вадим Шишимарин, е осуден за убиство на Олександр Шелипов (62) во североисточното село Чупахивка на 28 февруари.

Тој призна дека пукал во Шелипов, но рече дека дејствувал по наредба и побара прошка од неговата вдовица.

Повеќе други наводни воени злосторства се истражуваат од Украина.

Москва негира дека нејзините војници напаѓале цивили за време на инвазијата, додека Украина вели дека можеби се случиле повеќе од 11.000 злосторства.

Пред пресудата, адвокатот на одбраната на Шишимарин - назначен од државата - изјави за Би-би-си дека ниту еден руски функционер не го контактирал. Портпаролот на претседателот Владимир Путин рече дека Кремљ „нема информации“ за овој случај.

Во моментот на убиството Шишимарин (21) и други војници патувале со автомобил што го заплениле откако нивниот конвој бил нападнат и тие се одвоиле од нивната единица.

Кога го забележале Шелипов, тој зборувал на телефон, рече Шишимарин пред судот и додаде дека му било кажано да пука во него со автоматска пушка.

Неговиот бранител изјави пред судот во петокот дека Шишимарин пукал дури откако двапати одбил да ја изврши наредбата да пука и дека само еден од три-четирите куршуми ја погодил целта.

Тој рече дека Шишимарин пукал од страв за сопствената безбедност и се прашувал дали обвинетиот имал намера да убие.

Во еден драматичен момент за време на судењето, вдовицата на жртвата, Катерина Шелипова, се соочи со Шишимарин. „Кажи ми, те молам, зошто вие (Русите) дојдовте тука? За да нѐ заштитите?“, праша таа, наведувајќи го оправдувањето на рускиот претседател Владимир Путин за инвазијата на Украина.

„Да нѐ заштитите од кого? Дали ме штитевте од мојот сопруг, кого го убивте?“

Војникот немаше одговор на тоа. Барајќи прошка од вдовицата претходно, тој рече: „Но разбирам дека нема да можеш да ми простиш“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе