На државната телевизија

Руски пратеник: Четири ракети и ги нема САД, печурката ќе се види и од Мексико (ВИДЕО)

На рускиот државен медиум Расија 1 пратеник од Думата рече на Путин му се потребни четири нуклеарни ракети Сатана за да ги избрише САД од лицето на земјата.

Фото: скриншот

Алексеј Журављев, член на рускиот парламент Дума, рече дека две ракети „Сармат 2“, колоквијално наречени „Сатана 2“, се потребни за уништување на источниот брег на САД, а четири за уништување на целите Соединети Американски Држави.

Журављев одговараше на извештајот на Си-би-ес кон крајот на април во кој лидерите разговараа како би изгледал нуклеарниот напад врз Њујорк. Пратеникот им порача дека погрешно пресметале.

„Јас компетентно ќе ви кажам дека за да се уништи целиот источен брег на САД се потребни две ракети „Сармат“ и две ракети за западниот брег. Четири проектили и ништо нема да остане. Атомската печурка ќе се види од Мексико“, рече тој.

Журављев потоа рече дека ќе бидат уништени два милиони Украинци, опишувајќи ги како „неизлечиви нацисти“.

Телевизиската водителка на програмата 60 минути на истата телевизија, Олга Скабеева, рече дека операцијата на Кремљ во Украина е при крај и дека почнала Трета светска војна во која Русија ќе го „демилитаризира НАТО“.

„Можеби дојде време да се признае дека руската специјална операција во Украина е завршена. Во смисла дека почна вистинска војна. Згора на тоа, тоа е Трета светска војна. Принудени сме да ја демилитаризираме не само Украина, туку и НАТО како целина“, рече таа.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе