Руски научници: Ова е прва фотографија од британскиот сој на коронавирусот (ФОТО)

Научниците од Роспотребнадзор, руската федерална агенција и надзорно тело во јавното здравство, тврдат дека тие први направиле микроскопска фотографија од британската варијанта на коронавирусот, пренесува Спутник.

EPA-EFE/ROSPOTREBNADZOR

„Државниот истражувачки центар Вектор стана прв во светот што го фотографираше новиот вид на британскиот коронавирус, изолиран од пациент во декември 2020 година. Фотографијата на вирусот под микроскоп е направена за време на тековните истражувања на новата варијанта на коронавирусот, вклучувајќи ги структурните карактеристики и експресијата во клеточните култури и експериментални модели со употреба на лабораториски животни“, се вели во соопштението.

Руските научници исто така тврдат дека развиле ПЦР тестови кои можат да ја детектираат новата варијанта.

„Мутациите што се карактеристични за британскиот вид на коронавирус, не влијаат на ефикасноста на вакцината Епи-вак-корона, која содржи пептидни антигени кои спаѓаат во конзервативните делови на вирусниот протеин, што не е под влијание на промените откриени во вирусот“, се додава во соопштението.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ROSPOTREBNADZOR

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе