Руски медиум пишува дека Русија сака да отвори воена база во Србија

Во Србија би можела да се појави руска воена база која ќе врши различни извиднички задачи и ќе ја надгледува околината, смета рускиот воен експерт и историчар Борис Јулин, а пренесува Лента, многу читан руски портал кој од 2020 година е во сопственост на Сбербанк.

EPA-EFE

Вонредниот и ополномоштен амбасадор на Русија во Белград Александар Боцан Харченко, пишува порталот, зборуваше за тоа наведувајќи дека „руските воени бази во Србија се суверено прашање на таа држава“.

Освен тоа, како што додава, тоа е проблем и на самата Русија.

„Што се однесува до заедничкиот хуманитарен центар, тој постои и функционира за кризен одговор во случај на хуманитарна катастрофа“, го цитира Лента Боцан Харченко.

Воениот експерт Јулин наведува дека не е баш јасно каква корист ќе има воената база во Србија.

„Факт е дека базите се наоѓаат во близина на зони на можни непријателства. Но во Србија, територијално, таа ќе биде целосно отсечена од Русија и од сите страни опкружени со земји од ЕУ, а делумно и држави од НАТО. Не е јасно како во овој случај е можно да се сконцентрираат сили и да се обезбеди базата“, истакнува Јулин.

Единствената можна цел за нејзино создавање, за овој руски експерт, е „извидничка мисија и надзор на околниот простор“, поточно собирање разузнавачки податоци.

Додава и дека „Европската Унија би можела да почне да ја доживува Србија како веројатен извор на закана во случај на конфликт“, што за Белград не би имало баш пријатни последици.

Претходно министерот за внатрешни работи на Србија Александар Вулин, потсетува рускиот портал, соопшти дека Србија е самостојна и независна земја и не сака да се меша во конфликтите на Русија и Западот, а особено на сака да стане „пешадија на НАТО пактот“.

„Ако сакате да се држите до територијалниот интегритет и суверенитет како најважен принцип во меѓународната политика, што јас мислам дека е, тргнете од Србија. Прво повлечете го признавањето на Косово, па кажете: „Извинете, Србија е целосна, погрешивме што ве бомбардиравме, извинете за сите деца што ви ги убивме, простете што ви го направивме тоа, почнување од тоа да ги поправиме своите грешки.

А не да бараме од Србија да биде пешадија на НАТО пактот, да влезе во судир со Русија“, кажа Вулин на почетокот на јули порачувајќи дека влез во војната не е опција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе