Нивното патување на својата фејсбук страница го сподели и руското министерство за надворешни работи, кое ја објави фотографијата на осуммината Руси како се возат низ природата во Северна Кореја.
„Бидејќи границите се затворени веќе подолго од една година, патничкиот сообраќај е прекинат, беше тоа долг и тежок пат дома“, напиша руското министерство во постот.
Как заявили в МИД, дипломаты 32 часа ехали на поезде, затем еще два часа на автобусе до границы и затем — километр пешком с помощью дрезины.
— Новая Газета (@novaya_gazeta) February 25, 2021
➡️ https://t.co/jc6KmEOxhx
Видео: МИД России pic.twitter.com/K8UPWUrKev
Тие прво патувале 32 часа со воз од Пјонгјанг, потоа уште два часа со автобус до границата, па конечно со сопствен погон до Русија. Единствениот маж во групата, кој бил „погонот“ на нивното возило бил третиот секретар на амбасадата во Пјонгјанг Владислав Сорокин, а најмладиот патник била неговата тригодишна ќерка Варија.
Руските дипломати морале да ја нарачаат изработката на возилото, како и негово поставување на шините, да организираат утовар на своите куфери, и потоа да го истуркаат возилото до повеќе од километар оддалечениот премин Хасан, каде ги дочекале претставници на министерството за надворешни работи од Владивосток.
🛤25 февраля на Родину вернулись 8 россиян-сотрудников российского Посольства в КНДР и членов их семей. 🚩Поскольку вот...
Posted by Russian Foreign Ministry - МИД России on Thursday, February 25, 2021
Северна Кореја воведе едни од најстрогите мерки за заштита од пандемијата на коронавирусот во светот, па го забрани целиот влез и излез на возови и други превозни средства од државата. Војската го засили надзорот над границите и издаде строги наредби да се сопре секој обид за влез.
Официјално, Пјонгјанг тврди дека во Северна Кореја нема случаи на зараза со вирусот, но независните набљудувачи се скептични што се однесува на тие тврдења. По затворањето на границите, повеќето западни дипломатии ги затворија амбасадите и ги вратија своите персонали во матичните земји.
Повеќето патници пешки ја минуваат копнената граница со Кина, по последниот лет во март минатата година, кој ги превезе дипломатите од Германија, Русија, Франција, Швајцарија, Полска, Романија, Монголија и Египет до аеродромот во Владивосток.