ВО БЛИЗИНА НА АЛЈАСКА

Руски бомбардери втора ноќ по ред летаат кај американскиот брег

Се појавија ноќта откако борбените авиони отидоа да го пресретнат парот Ту-95 бомбардери со долг дострел.

Руските бомбардери се доближиле до брегот на Алјаска втора последователна ноќ, во време кога односите меѓу Кремљ и администрацијата на Доналд Трамп продолжуваат да се влошуваат.

Двата Ту-95 авиони биле забележани кога навлегле во зоната за идентификација на воздушната одбрана на САД во вторникот.

За разлика од претходната вечер, не биле пуштени борбени авиони да ги пресретнат, туку бил испратен еден E-3 Сентри авион за рано предупредување да ги следи нивните движења.

Операцијата ја води командата за воздушна одбрана на Северна Америка (Норад), која ги следи пристапните области од интерес на САД што се веднаш до нејзиниот суверен воздушен простор.

Лорен Хил, првата потполковничка на американските воздухопловни сили, портпарол на Норад, изјави дека последниот лет „не е невообичаен“.

„Немаше пресретнување и летот не беше различен од другите летови што Норад ги виде претходно во областа“, рече таа и додаде дека понатамошни детали не можат да се споделат од оперативно безбедносни причини.

Ова се случи откако два Ф-22 Раптор Стелт авиони и еден Е-3 авион, беа лансирани да ги пресретнат двата руски бомбардери во понеделникот, околу 160 километри од Алјаска.

Американските авиони летаа еден покрај друг со Ту-95, неколку минути пред да се вратат во својата база во источна Русија.

Ова е прва ваква конфронтација откако Трамп ја презеде функцијата, по речиси две години релативна тишина во воздушниот простор околу САД.

Адам Кинзингер, републиканскиот член на Претставничкиот дом, изјави за Си-ен-ен дека силите на Владимир Путин „се обидуваат да покажат заби“ летајќи толку блиску до американскиот брег.

„Ова беше демонстрација на сила од страна на Русите за да ни покажат дека сè уште се тука... обид да дојдат најблиску што можат, до нашите меѓународни граници за да видат каква реакција ќе предизвикаат“, додаде тој.

Руски воени авиони биле пресретнати околу 60 пати од 2007 година до денес, изјави официјалното лице, со последен инцидент во 2015 година.

Не верувам дека Суперкупот нема да се одржи во Скопје. Ако намерата беше таква, досега УЕФА тоа одамна ќе го стореше. 

повеќе

Помина 22 јуни во уште едно потсетување, дека пред 16 години во 4,30 часот почна битката за Арачиново во која загинаа тројца припадници на македонските полициски сили.

повеќе

И во Турција, како и во Иран и Романија народот постојано ќе го поставува истото прашање: дали средствата потрошени за глорификација на власта можеа да бидат употребени за искоренување на сиромаштијата.

повеќе