Руската вакцина доаѓа во Србија до крајот на неделата, но само за тестирање

Српската премиерка Ана Брнабиќ разговарала денес на видео-конференција со министерот за индустрија и трговија на Русија Денис Мантуров.

EPA-EFE

Мантуров ја запознал Брнабиќ со тоа до каде се стигнати со производството на руската вакцина против коронавирусот Спутник V.

Рускиот министер потврдил дека пратка од вакцината за лабораториско тестирање, во количество од 20 дози, ќе стигне во Србија до крајот на оваа недела.

Брнабиќ истакна дека српската влада работи на тоа на граѓаните на Србија вакцината против коронавирусот да им биде достапна во најкраток можен рок.

Српската премиерка истакна и дека целта е граѓаните да можат да изберат која вакцина ќе ја примат, а во согласност со препораките и одобрувањата на надлежните здравствени установи на Република Србија.

Таа додаде и дека Србија е заинтересирана за можноста за заедничко производство на вакцината против коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе