Руската полиција уапси тројца високи генерали: злоупотребувајќи ја положбата купувале автомобили и недвижнини

Руската полиција уапси тројца највисоки руски генерали, меѓу кои и заменик-шефот на руското Министерство за внатрешни работи, под обвинение за злоупотреба на службената положба.

Фото: ЕПА

Генерал-полковникот Сергеј Умнов (помошник во руската МУП) е приведен заедно со генерал-мајорот Алексеј Семјонов (началник на сообраќајната полиција во Санкт Петербург) и генерал-мајорот Иван Абакумов.

Тројцата највисоки руски генерали, наводно, проневериле средства од Програмскиот фонд за помош на Главниот оддел за внатрешни работи на Санкт Петербург и Ленинградската област во периодот од 2016 до 2020 година и во таа прилика купиле имот „за лична употреба“, пишува рускиот весник „Комерсант“.

Според споменатиот руски државен весник, парите биле потрошени за купување недвижен имот и автомобили, како и за плати на „хонорарни“ асистенти, по барање на генералот.

Умнов (57) бил началник на полицијата на Санкт Петербург и Ленинградската област од март 2012 до февруари 2019 година, а подоцна бил назначен од рускиот претседател Владимир Путин за помошник на заменик-министерот за внатрешни работи Владимир Колоколцев - од 2013 година бил и генерал-полковник на полицијата.

Доколку бидат прогласени за виновни, тројцата функционери се соочуваат со затворска казна до 10 години, вели Москва тајмс.

Московската комисија за јавен надзор за руската државна новинска агенција ТАСС рекла дека Умнов моментално се наоѓа во притворен центар во Москва, каде што е задржан од неговото апсење.

„Умнов е приведен и одведен во Москва... Тој не ја признава вината“, рекле за ТАСС.

Умнов „апсолутно не се согласуваше со она за што го обвинуваат, сето тоа го нарече глупост и апсурд“, изјави за руската агенција Интерфакс Ева Меркачева, член на комисијата.

Кривична постапка против Умнов, Семјонов и Абакумов е отворена од Истражниот комитет на Русија, водечка федерална истражна агенција во земјата.

Комитетот побарал од судот во Москва двомесечен притвор за Умнов, Семјонов и Абакумов.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе