Руската флота првпат во Јадранско Море од почетокот на војната во Украина, блокирала американски носач на авиони

За првпат од почетокот на војната во Украина руската флота ја минала Отрантската врата и влегла во Јадранско Море.

EPA-EFE

Како што јавува италијанска Ла република, на 22 јули рускиот разурнувач „Адмирал Трибуц“ стигнал дури до Абруцо, а го следел крстосувачот „Варјаг“, кој сопрел во близина на градот Саленто во регионот Апулија. Целта на руските бродови наводно била да го блокираат американскиот носач на авиони „Труман“.

Заедно со нив бил и шпионскиот брод „Василиј Татишчев“, со инструменти за пресретнување радио комуникации и сензорски импулси. Како што наведува Ла република, неговата задача била да ги следи „електронските реакции“ на НАТО.

Весникот додава дека руски бродови никогаш досега не се осмелиле на „блокирачки маневар“ осмислен да го ограничи движењето на американскиот носач на авиони „Труман“ – водечкиот брод на НАТО во Средоземно Море, кој во последните месеци често се движи низ Јадранот.

Ла република пишува и дека командите на НАТО покажале дека нема да се откажат од контролата на преминот меѓу Јонско и Јадранско Море.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе