„Во текот на зимскиот период за обука на полигоните на Балтичката флота е предвидено одржување неколку десетици големи маневри на различни нивоа – вклучувајќи оклопни и моторизирани единици, противвоздушна одбрана, артилерија и разузнавачки и радио единици, како и воздухопловните сили на флотата“, соопшти прес-службата.
Балтичката флота се наоѓа во руската ексклава Калининград. Во руските оружени сили новите годишни програми почнуваат на 1 декември. Балтичката флота од 2016 опфаќа поголеми воени сили откако беше формиран 11 армиски корпус. Дури неодамна беше објавено дека тој корпус дополнително е засилен со моторизирана дивизија.
Руската војска го правда јакнењето на воените активности со присуството на НАТО на западните граници на Русија. Калининград е опкружен со земјите од НАТО Полска и Литванија и се наоѓа на повеќе од 1.000 километри воздушна линија од Москва, но само околу 500 километри од Берлин.