Русите тајно набавиле 100 танкери како одговор на западните санкции: „Флота во сенка“

Русија тајно набавила 100 танкери годинава како одговор на нафтените санкции што Западот ѝ ги наметна на Москва, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на извори од бродската индустрија и аналитичари.

Фото: ЕПА

Москва, која во голема мера се потпира на танкери за транспорт на својата сурова нафта, се проценува дека има набавено повеќе од 100 танкери преку директни или индиректни набавки. Енергетските консултанти од компанијата Ристад велат дека Русија годинава набавила 103 танкери, делумно преку директно купување, а делумно преку прераспределба на бродови што ги користат Иран и Венецуела, две земји кои исто така се под западни санкции.

Желбата на Кремљ да го организира она што нафтената поморска индустрија го нарекува „Руска флота во сенка“ е обид да се заобиколат новите меѓународни ограничувања за руската нафта. Тие ја вклучуваат забраната на ЕУ за увоз на руска нафта, која стапува на сила во понеделник, но и ново глобално ограничување на цената на руската нафта од 60 долари за барел, која ЕУ ја поддржа во петокот и е дел од пошироката иницијатива на Г7 групата, која ги обединува најмоќните светски економии.

Трговците за ФТ изјавија дека руската „флота во сенка“ ќе го намали влијанието на таквите мерки, но нема да го елиминира целосно. Казнените мерки на ЕУ и Г7 треба да ја отсечат Москва од глобалната танкерска флота, бидејќи на осигурителите, како што е на пример Лојд од Лондон, им е забрането да ги осигуруваат танкерите што превезуваат руска нафта, без оглед на дестинацијата, освен ако не се продава според шемата за ограничена цена.

Но, Русија веќе пред извесно време изјави дека нема да ѝ продава нафта на ниту една земја која спроведува ограничување на цената, што значи дека би можела да одбие да продава нафта под условите што ги постави Западот. Наместо тоа, таа планира да ја користи својата нова флота за снабдување со нафта на земји како Индија, Кина и Турција, кои станаа големи купувачи на руска нафта во време кога Европа го намалува увозот.

Бродовите се стари помеѓу 12 и 15 години и се очекуваше да завршат за старо железо во наредните години, изјави за ФТ Аноп Синг, шеф на лондонската бродска компанија Браемар. „Се работи за клиенти со кои ние, како некој кој доста долго време е во овој бизнис, не сме запознаени. Убедени сме дека повеќето од овие бродови се купени за потребите на Русија“, додаде тој.

„Бројот на танкери што ѝ се потребни на Русија за да ја транспортира целата своја нафта е огромен“, вели Крег Кенеди, експерт за руска нафта во Дејвис центарот на Универзитетот Харвард. „Видовме голем број продажби на неименувани купувачи во последниве месеци, а во последните недели голем број од овие танкери се појавија во Русија за да го земат својот прв товар на сурова нафта“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе