ПО ИЗВЕШТАЈОТ НА ФБИ

Русите: Њет, немаме сочно сексуално досие за Трамп

Најскандалозното тврдење во документот е дека Трамп изнајмил „повеќе проститутки да изведуваат 'златен туш' (мокрење) пред него. За хотелот е познато дека е под контрола на ФСБ (руските разузнавачи) и дека со микрофони и скриени камери во сите главни соби снимаат сè што сакаат.“

Русија негира дека има собрано досие со компромитирачки информации за новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Портпаролот на претседателот Владимир Путин ги отфрли обвинувањата на прес-конференција утрово, велејќи: „Кремљ нема компромитирачко досие за Трамп, таквите информации не се во согласност со реалноста и не се ништо друго освен апсолутна фантазија.“

Портпаролот додаде дека вестите за досието во медиумите се „целосна измислица и апсолутна бесмислица“.

Наводното досие беше главна тема во еден, како што вели Дејли бист, непроверен и вулгарен документ од 35 страници на американската разузнавачка служба, кој минатата недела им бил претставен на претседателот Барак Обама и на новоизбраниот претседател Трамп, а содржи наводи дека руски оперативци се труделе да „ги искористат личните опсесии и сексуалната перверзност на Трамп“ за да добијат компромитирачки материјал за него. Документот, кој неколку месеци кружеше во медиумите и во владините кругови, во вторникот беше објавен од Базфид, иако сајтот признава дека многу од наводите не се потврдени и покрај истрагата.

На Твитер Трамп реагираше осудувајќи го извештајот како „лов на политички вештерки“, нарекувајќи го „лажни вести“.

Најскандалозното тврдење е дека Трамп изнајмил „повеќе проститутки да изведуваат 'златен туш' (мокрење) пред него. За хотелот е познато дека е под контрола на ФСБ (руските разузнавачи) и дека со микрофони и скриени камери во сите главни соби снимаат сè што сакаат.“

Таквата федерализација, како што нѐ учи балканското искуство е само преодна фаза која води кон распад на земјата.

повеќе

Во Македонија мора да се случи мирен премин на власта. Така мора да биде и по изборите од 2016 година. Во спротивно, земјата ќе се третира како „пиратска“ или како „разбојничка“ држава.

повеќе

Ако државата е заробена, а институциите не работат - мислам дека е потребно да се употреби сценариото како со АВНОЈ и АСНОМ во Втората светска војна.

повеќе