Русите ѝ се закануваат на Молдавија: „Ќе завршите на ѓубриштето на историјата“

Руските лидери остро реагираа на забраната за проруски воени обележја во поранешната советска република Молдавија, објави денес ДПА.

EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Претходно оваа недела Кишињев, главниот град на Молдавија, ги забрани симболите „Z“ и „V“ кои претставуваат поддршка на руските трупи кои се борат во Украина, како и лентата на Свети Ѓорѓија, ознака на поддржувачите на рускиот претседател Владимир Путин, но и проруските сепаратисти во Украина.

Рускиот пратеник Алексеј Пушков ѝ се закани на претседателката Маја Санду дека нејзината земја ќе заврши „на ѓубриштето на историјата“.

„Треба да бидеме малку повнимателни кога се во прашање Русија и нејзините симболи, особено имајќи предвид дека Кишињев не може да плати за рускиот гас“, рече Пушков.

Молдавија е особено зависна од рускиот гас.

Одлуката за забрана на споменатите симболи Санду ја образложи со тоа дека придонесуваат за поделби во државата и дека местото им е на „ѓубриштето на историјата“.

Молдавија, која се наоѓа меѓу Украина и Романија, бара членство во ЕУ, но на 9 март објави дека не сака членство во НАТО, велејќи дека принципот на неутралност е содржан во уставот на земјата.

Кишињев испрати хуманитарна помош во Украина, но се воздржа од испраќање воена опрема и оружје. Со оглед на неутралниот статус на земјата, Молдавија не се приклучи на западните санкции против Русија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе